ФУДБАЛ

ВИДЕО: Андрес Иниеста пред 11 години им ги скрши срцата на навивачите на Челзи

Андрес Иниеста има постигнато голем број важни голови во својата кариера, но еден од нив се истакнува.

Во 2010 година Иниеста му ја донесе на шпанската репрезентација титула светски шампион каде во финалето на Светското првенство играа против Холандија, но покрај тој гол, тој има уште еден, што е најзначаен за легендарниот играч од средниот ред во неговата кариера.

Поточно, пред 11 години од денес, Барселона го одигра во Лондон реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи. Домаќините поведоа со 1-0 и имаа резултат што ги носеше до финалето, а потоа Иниеста погоди во последните секунди и ги сруши сите надежи на лондонскиот клуб.

Барселона стигна до финалето каде подоцна го совладаа Манчестер Јунајтед со 2:0 за да станат европски шампиони. Погледенетего голот на Иниеста на „Стемфорд Бриџ“.

https://www.instagram.com/p/B_1qhTsHdxd/?utm_source=ig_embed