ВИДЕО: Англичаните ја „демолираа“ Прага, 31 уапсен во судирот со полицијата

Written by

in

Англија синоќа играше против Чешка, каде многу навивачи од островот отпатуваа за натпреварот.

Токму тие предизвикаа многу немири во Прага, каде се судрија и со полицијата. На снимката се гледа како навивачите се соочуваат со чешката полиција, при што беа уапси 31 навивач.

Пријавено е дека еден од навивачите е повреден и е во болница. На стадионот за натпреварот имаше 3800 Англичани, но во извештаите се вели дека бројот на навивачи кои патуваат во Чешка е многу поголем.