Фудбалот е стопиран скоро низ целиот свет поради пандемијата на коронавирусот.
Има само мал број на земји во светот каде сè уште се игра фудбал, но најсилните лиги веќе долго време се паузирани. Ова важи и за јужноамериканскиот фудбал, кој традиционално ни носи фантастични натпревари, и уште подобри сцени од трибините.
Сепак, пред неколку дена властите во Аргентина излегоа со идеја дека фудбалот во оваа земја може да продолжи, а нивниот предлог навистина остави многумина без зборови.
Видеото што стана хит на социјалните медиуми е веста од аргентинската телевизија Кроника во која новинарката го објасни предлогот. Поточно, тие предлагаат фудбалот да се продолжи, но без корнери и слободни удари за да се избегнат гужвите во шеснаесетникот и контакти со играчи.
Новинарката ја заврши својата работа и го прочита овој предлог, но таа исто така беше во шок и само кратко коментираше: „Па, како можат да го сторат тоа?“.
Efecto cuarentena 🧐😳 | Según Crónica Tv 🇦🇷 el fútbol sería una de las primeras actividades en volver, con unas “reglas” atípicas:
1 – Sin público. (bien)
2 – Sin tiros de esquina y sin tiros libres, para evitar aglomeración en el área. (?) pic.twitter.com/1xRFflwm3H
— Walter Estigarribia (@Estigarribiapy_) April 4, 2020