По рестартирањето на сезоната Милан игра како препороден. Седум победи од девет меча, барем два гола постигнати на натпревар. Поради добрите резултати во овој дел од сезоната, Пиоли доби награда и продолжен договор до 2022 година.
Синоќа го совладаа Сасуоло со 2:1, а главниот виновник за овие резултати по завршувањето на сезоната нема да биде тука. Златан Ибрахимовиќ се чини дека со неговото доаѓање го препороди овој тим, а токму тој синоќа беше стрелец на два гола за нови три бода на „Росонерите“. Арогантен е, самобендисан, но никој не може да каже дека Швеѓанецот не е голем играч, иако има 38 години.
Милан има 59 бодови, во моментов е на петото место и се чини дека до крајот со Рома и Наполи ќе се бори за пласман во Лига Европа.