ФУДБАЛ

ВИДЕО: Арсенал блиску до доведување на првото јануарско засилување

Откако стана сигурно дека Арон Ремзи на крајот на сезоната ќе ги напушти редовите на Арсенал, лидерите на на овој клуб се одлучиа да ја бараат неговата замена.

Според претседателот на МЛС тимот Атланта Јунајтед, Арсенал веќе се во контакт со овој клубови за доведување на талентираниот Парагваец, Мигел Алмирон.

“Иднината на Алмирон е веќе одлучена, ќе оди во Англија за време на зимскиот трансфер период во Европа”, изјави првиот човек Атланта, кој додаде дека Арсенал за услугите на 24-годишникот треба да издвои 13 милиони евра.

Топџиите, наводно и за време на летниот трансфер период, се обидоа да го доведат овој талентирани Парагваец во своите редови, но преговорите на крајот не беа успешни.

Мигел Алмирон кариерата ја започна во Аргентина, во Лануса, а во 2017 година дојде во Атланта за кој оваа сезона запиша 31 натпревари, постигна 12 гола и 13 асистенции.