ФУДБАЛ

ВИДЕО: Арсенал ги воодушеви навивачите со ново засилување

Нуно Таварес (21) е нов играч на лондонскиот клуб.

Младиот дефанзивец порасна во Бенфика и стана еден од најбараните млади играчи таму, а Арсенал го забележа, реагираше на време и го купи. Младиот човек денес потпиша повеќегодишен договор со „топџиите“.

Тој игра претежно на позицијата лев бек, но ако е потребно може да игра и на некои други места. Минатата сезона забележа 25 настапи за Бенфика, а играше за репрезентацијата на Португалија до 21 година.

Интересно, Таварес имаше можност да игра против Арсенал минатата сезона во натпревар од Лигата на Европа.

Менаџерот Микел Артета со ентузијазам ја прими веста за доаѓањето на Португалецот.

“Го поздравуваме Нуно во клубот. Тој е млад играч со големи ветувања, кој се разви многу добро со Бенфика во последните сезони, и го покажа својот квалитет делумно во португалскиот дрес. Доаѓањето на Нуно ќе му даде на тимот дополнителна сила и можности во одбраната, особено со оваа енергија на левата страна од теренот. Со нетрпение го очекуваме скоро доаѓањето на Нун, неговата интеграција во семејството Арсенал и играњето пред нашите фантастични навивачи “.