Екипата на Атлетико Мадрид прокоцка огромна шанса да ја продолжи фантастичната серија победи во Примера. Луис Суарес постигна два гола, но тоа не му помогна на Атлетико, Селта извлече реми 2-2 во самиот финиш од натпреварот во рамки на 22.коло.
На врвот од Ла лига, сега „јорганџиите“ имаат 51 бод, 8 повеќе од Барса и Реал, кои се наоѓаат на втората и третата позиција.