ФУДБАЛ

ВИДЕО: Барса до нови три бода, Интер повторно со пресврт до победа

Вечерашните натпревари од второто коло од Лигара на шампионите бела полни со возбуда.

Атлетико Мадрид го оправда статусот на фаворит на натпреварот против Клуб Бриж, успеа да слави со 3:1. На натпреварот немаше голови со до 28. минута, кога Гризман по асистенција на Лемар успеа да постигне гол за водство на Атлетико од 1:0, сепак водството на Атлетико не траеше многу, кога Груневелд во 39. минута постигна одличен гол од далечина и го израмни резултатот на 1:1.

Второто полувреме ни донесе возбуда во 67. минута кога Гризман по асистенција на Коста, повторно го доведе Атлетико до водство (2:1). Конечниот резултат на натпреварот го постави Коке по асистенција на Гризман во 94. минута. (3:1).

Борусија Дортмунд на домашен терен успеа да го совлада Монако во 3:0. Првото полувреме на овој натпревар заврши без голови со изедначени шанси за двата тима, првиот гол за Дортмунд го постигна Ларсен по одличната асистенција на Санчо, во 69. минута Пако Алкасер имаше шанса од пенал да го зголеми водството на 2:0, но ја погоди пречката, но во 72. минута по асистенција на Ројс успеа да се запише во листата на стрелците (2:0). На минута пред крајот Ројс по асистенција на Ларсен успеа да постигне гол за убедливи 3:0.

Наполи – Ливерпул, натпревар пол со возбуда, но сепак победи подобриот. Наполи беше подоминантен на натпреварот, но Ливерпул не успеа да се одбрани и прими гол во финишот на натпреварот, во 90. минута Инсиње по асистенција на Каљехон го постигна победничкиот гол (1:0).

Порто вечерава издвои минимална победа од 1:0 над Галатасарај, со голот на Марега од корна во 49. минута.

Интер повторно со пресврт против ПСВ успеа да стигне до победа. Резултатот на натпреварот го отвори Росарио во 27. минута за водство од 1:0 на ПСВ, на само минута пред крајот Наинголан во 44. минута успеа да постигне гол за изедначување (1:1). На 15. минути по почетокот на второто полувреме Икарди во 60. минута успеа да го постигне победничкиот гол за Интер (1:2).

Тотенхем вечерава на домашен терен загуби од Барселона со 2:4. Барселона уште 2. минута докажа дека е фаворит на натпреварот, кога Кутињо по асистенција на Алба успеа да постигне гол за рано водство на Барса (1:0), водството на Барселона го зголеми Ракитиќ во 28. минута по асистенцијата на Кутињо. Полувремето за Барселона беше одлично додека за Тотенхем како домаќин беше кобно.

Во 52. минута Хери Кејн по асистенција Ламела успеа да ја врати надешта во Тотенхем и постигна гол за 1:2, но Меси во 56. минута успеа повторно да го зголеми водството на Барселона (1:3), асистент на овој гол повторно беше Алба, Ламела во 66. минута со прекрасен гол успеа да го намали водството на Барсолона на 2:3, но во 90. минута Меси повторно по асистенција на Алба усепа да постигне гол за конечен резултат 2:4 и убедлива победа.