Во јануарскиот преоден рок Барселона ќе ангажира нови играчи со цел да го освежи тимот, бидејќи вака тешко оди. Пред се ќе се засили во офанзивата, а шпанскиот новинар Хави Мигел тврди дека главни фаворити за „Камп Ноу“ во јануари се Единсон Кавани од Манчестер Јунајтед и офанзивецот на Манчестер Сити, Феран Торес.
Двата фудбалери извесен период се поврзуваат со Барса, но дали ќе пристигнат, останува да се види.