Вечерва на „Камп Ноу“ се игра „Ел Класико“, а Барселона на домашен терен има одличен резултат (2:0), а Реал и понатаму не може да излезе од резултатската криза.
Двете екипи одлично го започнаа натпреварот, барем се потрудија да не мислат на Меси и Роналдо, а Филипе Кутињо во 11. минута успеа да го отвори резултатот и да му донесе водство на Барселона (1:0), натпреварот продолжи мирно да течи немаше некој голем пресинг од екипите.
Во 30. минута, Суарес беше фaулиран во шеснаесетникот, а судијата повика на ВАР, по прегледот на снимките беше досуден пенал, Суарек кој беше фаулиран застана зад топката која беше на белата точка и прецизно шутираше за водство од 2:0.
Резултатот од 2:0 не се прoмени иако и двете екипи имаа добри шанси, а Барселона во првите 45. минути успеа да го падне на голена лутиот ривал, Реал Мадрид.