Фудбалерите на Валенсија ја забележаа седмата победа во низа во шпанската Примера.
Во првиот меч од денешната програма Валенсија пред својата публика на „Местаља“го совладаа Леганес со 3:0
Резултатот го отвори Дани Парехо во 14.минута за водство од 1:0. На вториот гол се чекаше се до 71.минута кога Родриго Морено, зголеми на 2:0, а конечните 3:0 за Валенсија го постави Санти Мина во 82.минута од пенал.
Со оваа победа и три освоени бода, сега популарните „лиљаци“ се доближија на само еден бод помалку од водечката Барселона.
Валенсија е второ рангирана со 27, додека Барселона има 28 бода, но каталонската екипа вечерва треба да го игра својот меч од 11.коло и тоа дерби против Севиља