Македонија и Австрија последен пат на Европско првенство се сретнале во 2014-та година. На тој меч во прелиминарната рунда нашата репрезентација славеше во крајно неизвесен меч до 22:21. На 30-секунди до крајот Кире Лазаров погоди за 22:21, кој на тој меч имаше осум погодоци, а потоа во последната секунда, Борко Ристовски со врвот на прстите го одбрани последниот напад на Австријците и обезбеди победа.
На тој меч Ристовски забележа 18 одбрани.
Ако ништо друго барем резултатски да се повтори мечот од 2014-та.