Борусија Дортмунд и Баерн го играат дербито од 14. коло во Бундес лигата.
По десет минути игра резултатот е 1:1.
Милионерите поведоа уште во петтата минута со голот на Џулијан Брант. Голем дел од работата ја заврши Белингем, а Џулијан ја заврши акцијата и го совлада Нојер.
Сепак, само три минути подоцна гостите дојдоа до израмнување, а погоди кој друг ако не Роберт Левандовски.