ФУДБАЛ

ВИДЕО: Бруно Фернандеш заплака при збогувањето: Се надевам дека ќе ме паметат по добро…

Бруно Фернандес стана нов член на Манчестер Јунајтед.

Во трансфер вреден 80 милиони евра, тој го напушти Спортинг Лисабон, каде играше феноменално и кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Фернандес беше многу емотивен на разделбата со Спортинг, па заплачи во последното интервју за клупската страница.

„Зборовите не можат да опишат што минав овде. Има многу моменти што ќе ги паметам. Имаше многу позитивни и негативни, многу повеќе позитивни, и по тоа сакам луѓето да ме запомнат“, рече со солзи Фернандес.

Фернандес играше феноменално во дресот на гигантот од Лисабон. Тој одигра 137 натпревари и постигна 64 голови.