Фудбал

ВИДЕО: Брутална пресметка помеѓу „Делије“ и „Гробари“ во Зворник, шест лица повредени

Навивачите на Црвена Звезда и Партизан жестоко се судрија синоќа во Зворник.

Во брутална пресметка помеѓу навивачите на белградските клубови во овој град во Босна и Херцеговина, шест лица се повредени, а четворица хулигани се уапсени.

“Имаше конфликт помеѓу локалните навивачки групи Црвена Звезда и Партизан. Шест лица се повредени, а четири лица се лишени од слобода. Две лица имаат тешки телесни повреди”, соопшти полицискиот оддел Зворник.

https://twitter.com/i/status/1421080300608753669

Вакви сцени не се невообичаени во Босна и Херцеговина. Во Република Српска често има конфликти помеѓу групи навивачи кои ги поддржуваат белградските клубови, а Зворник е само продолжение на нетолеранцијата на навивачите на овој клуб.

https://twitter.com/HooligansTV_eu/status/1421082235017510912

Пред неколку години, навивачот на Партизан, Александар Пантиќ, беше убиен во тепачка во Бјелина.

Сцените од Зворник се навистина брутални и секако се надеваме дека вакви работи нема да се повторат во Босна и Херцеговина.