Штитеникот на еден од најголемите боксери на сите времиња Флојд Мејведер, бил на пикник со своето семејство, кога непознато лице укало во него. Несреќниот Дени Гонзалес починал на лице место, а повредени се уште двајца малолетници и уште една постара личност.
-Со тага јавуваме дека Дени Гонзалес, трагично настрада, напиша претседателот на ВБЦ организацијата Маурисио Сулиман.
Гонзалес имал 22 години, а убиството се случило во Kалифорнија.
Од 2016-та година тој има договор со Мејведер, односно еден од најдобрите е негов промотор и штитеник.
Причините за убиството не се познати.