Стефан Чолаковски продолжува да изненадува со своите одлични настапи во австралиската А-Лига и пружи одлични игри во дресот на Мелбурн Сити.
Денеска Мелбурн Сити играше во полуфиналето од плеј-офот во најквалитетната австралиска лига против Макартур. Натпреварот заврши со победа на Мелбурн Сити со 2:0.
Шанса од самиот старт на натпреварот доби и Стефан Чолаковски кој ја искористи одлично и постигна гол, а запиша и асистенција. Исто така Чолаковски остана на теренот до самиот крај на натпреварот.
Чолаковски го отвори резултатот со голот во 54. минута од натпреварот и му донесе водство на Мелбурн Сити од 1:0.
Една минута потоа, македонецот со австралиско државјанство беше заслужен и за вториот гол на Мелбурн Сити, кога во одлична акција го проигра Тилио кој беше прецизен и погоди за конечните 2:0.
Со оваа победа Мелбурн Сити се пласираше во финалето од плеј-офот во А-Лигата каде ќе ги одмери силите со Сиднеј.