Неполни 15 минути беа доволни за одличниот српски напаѓач да постигне гол за „бјанконерите“.
Влаховиќ се закани во воведните минути од натпреварот, а голот се тресеше во 13. минута на асистенција на Паоло Дибала.
Дибала одигра додавање напред, а Влаховиќ излезе пред голманот на Верона.
Влаховиќ одлично се снајде и со лоб го измами Монтип.