ФУДБАЛ

ВИДЕО: Дали тренерот на ПСЖ застана во одбрана на судиите кои на расистичка основа навредија фудбалер?!

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е мета на силни критики, особено на социјалните мрежи и особено на навивачите на Башакшехир, откако беше анализиран неговиот разговор со еден од фудбалерите на турскиот тим.

ГУЛБРАНДСЕН: Тоа е расизам!

ТУХЕЛ: Дали го слушна дека го рекол тоа?

ГУЛБРАНДСЕН: Не!

ТУХЕЛ: Затоа смири се, опуштено.

ГУЛБРАНДСЕН: Но, го кажал тоа!

ТУХЕЛ: Не знаеш дека е така!

Овој разговор го предизвикал револтот, а многумина коментираат дека Тухел застанал во одбрана на судиите. Но, можеби не е така, туку можеби само се обидувал да ги смири страстите и да се спречи поголем инцидент.

Мечот ПСЖ-Башакшехир беше прекинат и ќе се доигра денеска во 18:55 часот со нови судии. Четвртиот судија на синоќешниот меч бараше црвен картон за фудбалерот на гостите Пјер Вебо, а кога главниот судија праша за кој фудбалер станува збор, тој рече овој „негро“ тука. Ова предизвика револт поради што гостинските фудбалери одбија да продолжат со мечот, а со нив се солидаризираа и играчите на ПСЖ. УЕФА најави целосна истрага.