ФУДБАЛ

ВИДЕО: Давид Луиз се врати дома

Искусниот дефанзивец Давид Луиз има нов клуб.

Луиз се врати дома, поточно потпиша за Фламенго.

Бразилските медиуми пренесуваат дека се е готово, дека договорот е потпишан до декември 2022 година.

Во текот на кариерата, стоперот играше за голем број познати имиња во европскиот фудбал, како што се Арсенал, Челзи, ПСЖ и Бенфика. Клубовите потрошија околу 120 милиони евра за неговите трансфери, а 34-годишниот фудбалер пристигнува во Фламенго потполно бесплатно.

Неодамна се шпекулираше дека Луиз ќе патува во Турција и ќе стане членка на Адана Демирспор.