Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа има необични реакции при прославата на головите на неговите соиграчи.
Шпанскиот голман има навика да ја допира стативата по секој гол на својот тим.
Така беше и на дуелот против Аталанта во кој по големиот пресврт Манчестер Јунајтед славеше со 3:2.
Де Геа прво ќе го прослави голот, а потоа ја допре пречкатана својот гол и се чини дека и во се има малку суеверие.
David De Gea’s reactions to the goals against Atalanta 🤩🔴
— United Zone (@ManUnitedZone) October 20, 2021
Давид де Геа е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година и има одиграно 452 натпревари за гигантот од „Олд Трафорд“.