ВИДЕО: Деби кое ќе го памети – Постигна гол од пола терен, но во сопствената мрежа

Written by

in

Младиот фудбалер на Хедерсфилд Жунињо Бакуна имаше деби кое ќе сака што побрзо заборави.

Тој доби шанса да игра на натпреварот од Карабао купот против Стоук Сити во кој неговиот тим беше поразен со 2:0, победата на домаќинот ја потврди токму Бакуна со неверојатен автогол.

Младиот 21-годишен фудбалер се обиде да ја врати топката до својот голман кој беше излезен далеку од својот шеснаесетник и ја погоди сопствената мрежа од половина терен.