ВИДЕО: Ден кој ниту еден фудбалер не го сака, се пензионираше португалскиот „бомбардер“
E R7 февруари 2020
Денеска и официјално се пензионираше Хуго Алмеида. Португалецот ја завршува својата кариера во 35-тата година, а тоа го соопшти преку неговиот Инстаграм профил.
Претходните две сезони Алмеида играше во Коимбра, во втората португалска лига, а претходно играше за Хајдук од Сплит, АЕК, Хановер, Кубан, Анжи, Чезена, Бешикташ, Вердер, Порто и Боависта.
За репрезентацијата на Португалија одигра 57 меча и постигна 19 голови.