Барселона сними емотивно видео против заедничкиот непријател на целото човештво, коронавирусот. Додека внатре во клубот владее вистинска војна, пред се во раководството, но и фудбалерите, сепак видеото е снимено да ги обедини сите фанови во овие тешки времиња со вирусот кој го погоди во голема мера и спортот.
Со ова видео снимено со неколку асови, не само од фудбалот, туку во сите колективи, Барселона порачува „Денеска се бориме, утре играме“ или „Посилни сме заедно“.