ФУДБАЛ

ВИДЕО: Дојде во дресот на Барселона на презентацијата на Азар, а потоа настана хаос на трибините на „Сантијаго Бернабеу“

На „Сантијаго Бернабеу“ денес Еден Азар беше официјално претставен како нов играч на Реал Мадрид.

Азар привлече повеќе од 50.000 навивачи на „Бернабеу“, што го изненади дури и поранешниот играч на Челзи. Тој потпиша петгодишен договор со кралевите и веројатно ќе носи дрес со бројот седум.

Но, на трибините на „Бернабеу“, пред излегувањето на Азар, имаше инцидент. Еден од гледачите дошол во дресот на Барселона, кој предизвикал бес на навивачите на Реал.

Тие со свирежи и закани го натераа да го извади дресот, а на крајот и го стори тоа.

Навивачот на Барселона, кој беше во дресот на Андрес Иниеста, очигледно сакаше да ја види презентацијата на Азар и тој навистина имаше огромна храброст да се појави со дресот на лутиот ривал, а тоа можеше да го чини живот за малку.