ФУДБАЛ

ВИДЕО: Доказ дека Меси повеќе ужива како играч отколку како навивач

Барселона во средата пред свои навивачи го победи Интер со 2:1, иако Ернесто Валверде не можеше да смета на неговиот најдобар играч, Лионел Меси.

Меси минатата недела во дербито против Севиља се повреди и ќе биде надвор уште најмалку две недели. Повредувањето на Аргентинецот дојде во најлош момент бидејќи, освен натпреварот со Интер, играчот на Барселона утре ќе го пропушти големото дерби против Реал Мадрид.

Сепак, Меси со својот син Тиаго во средата од трибините на Камп Ноу и ги поддржуваа неговите соиграчи. Камерите го фатија секој потег и јасно е дека на Меси не му беше сеедно што стои на трибините, што не можеше да му помогне на Барселона на теренот.