Handball.tv преку видео илустрација ги објави платите на ракометарите на Вардар во изминатите неколку години. Се разбира со доаѓањето на Самсоненко, растеле и платите, но биле ангажирани и звучни имиња кои чинеле повеќе. Па, така најплатен е Игор Карачиќ со 15.500 евра месечно, по него следуваат Тимур Дибиров и Даинис Криштопанс со по 15 илјади евра месечно, а капитенот Стојанче Стоилов е шести со 10 илјади евра.
Сега Вардар има ново раководство, Самсоненко замина, а со тоа заминаа и голем број звучни имиња.