ФУДБАЛ

ВИДЕО: Долго време никој на ваков начин не одлучи да му се одмазди на Мурињо како Педро

Фудбалерите на Лацио ја победија Рома со 3:2 во големото градско дерби во неделата.

Лацио и Рома одиграа фантастичен натпревар во кој можеа да уживаат фудбалските гурмани, а на крајот Лацио успеа да слави со 3:2 и да освои нови три бода.

Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и со головите на Милинковиќ-Савиќ и Педро поведе со 2:0 по само 19 минути игра. Рома во натпреварот ја врати Ибанез со гол за 2:1.

Сепак, Лацио успеа да стигне до 3:1 во 63. минута, а конечните 3:2 ги постави Веретаут од пенал само шест минути подоцна.

Во центарот на вниманието на италијанската јавност беше голот на Педро за 2:0, кој го прослави овој гол доста страсно, иако минатата сезона играше во дресот на Рома.

https://youtu.be/p83uBVQbljc

Но, Педро намерно одлучи да мине крај Мурињо кога го славеше гол бидејќи Португалецот го отпиша летово. Мурињо рече дека не му треба Педро, и сега се одмазди на најдобар начин.