Малку фалеше Арсенал да доживее пораз од Фулам на кој му се потребни бодови за опстанок. Арсенал одигра само 1-1 против Фулам во рамки на 32.коло во Премиерлигата.
„Топчиите“ извлекоа реми (1-1) благодарение на голот на Нкетиах во седмата минута од судиското продолжение.
Фулам со пет кола без победа останува во опасната зона, на 18-тото место. Арсенал е деветти со 46 освоени бода. Во следната рунда Фулам игра со Челзи на гостински терен, додека Арсенал е домаќин на Евертон.