Само 1:1 на Ливерпул на домашен терен против Барнли. Гостите постигнаа голем успех со овој бод и воедно станаа првата екипа оваа сезона која „преживеала“ на „Еинфлд“. Ливерпул поведе во 34-та минута со прекрасниот гол со глава на Робертсон, по одличната акција во која учествуваа неколку домашни фудбалери.
Во продолжението, Ливерпул пропушти неколку одлични шанси, Фирмино погоди статива, па кога не постигнуваш голови, казната стигнува. Тоа се случи во 69-тата минута кога Родригез погоди за 1:1.
До крајот на сезоната Ливерпул требаше да одигра уште два меча на „Енфилд“, а толку мечеви го делеа тимот на Јурген Клоп од перфектен учинок на домашен терен.