ФУДБАЛ

ВИДЕО: Еден од членовите на Марсеј нокаутираше навивач на Ница

Гледавме голем хаос вечерва во Ница каде навивачите на домашниот тим истрчаа на теренот на натпреварот против Марсеј.

Ница поведе со 1:0 на крајот од натпреварот, а натпреварот потоа беше прекинат во 75. минута кога домашните навивачи истрчаа на теренот.

Се започна кога Димитри Паје сакаше да изведе корнер за гостите, но домашните навивачи почнаа да му фрлаат шишиња.

Ова многу го налути фудбалерот на Марсеј и одлучи да возврати на ист начин. Паје и некои негови соиграчи почнаа да фрлаат шишиња кон навивачите, по што настана вистински хаос на теренот.

Навивачите на Ница успеаја да ја пробијат безбедносната бариера и да истрчаат на теренот за да ги подмират сметките со Паје, но чуварите и играчите на Ница некако успеаја да ги спречат.

Сепак, стручниот штаб на Марсеј започна да ги брани своите играчи, а еден вработен во овој клуб нокаутираше еден од навивачите на Ница, што јасно се виде во забавената снимка.

https://twitter.com/i/status/1429546119151947776

Фудбалерите на Марсеј одбиваат да се вратат на теренот и да ја продолжат играта, а судиите се уште немаат донесено одлука што ќе се случи следно.