Македонскиот ракометен голман Никола Митревски имаше фантастична вечер на голот на Порто против Пик Сегед во рамките од ЕХФ лигата на шампионите. Порто славеше со 25:19, а за одбраната на Митревски зборува цела Европа. Тој беше прогласен за играч на натпреварот, секако заслужено.