Веста дека Кире Лазаров ќе биде селектор на Македонија привлече големо внимание. Беше на насловните страници на речиси сите регионални, но и европски спортски изданија, особено оние кои се специјализирани за ракомет.
Сега и ЕХФ му одаде признание, му се поклони. Објави фантастично видео најавувајќи го Лазаров како нов селектор на Македонија, а условувајќи го со „Кралот“ со „Легендата“ и слично.