Жозе Мануел Пинто, беше член на најуспешната генерација на Барселона која од клупата ја предводеше Пеп Гвардиола. Долги години беше резерва на Виктор Валдес, а шанса да игра добиваше во Купот и пријателските мечеви. Многумина го паметат и по одбраната на паненката на Андреа Пирло.
Пинто од фудбалот се прости пред пет години кога одлучи да стане музичар и да настапува под псевдонимот Вахин. Но, во меѓувреме ја смени професијата. Имено, Пинто стана инструктор по зумба-кумба танц.