ФУДБАЛ

ВИДЕО: Епска најава на Баерн по перфектниот хет-трик на одличниот Левандовски

Роберт Левандовски веќе неколку месеци е најдобриот фудбалер на светот, а каде што застана последно, ја продолжи и оваа сезона.

Одличниот Полјак изгледа незапирлив и веќе подолго време никој напаѓач не е толку смртоносен во казнениот простор на противникот, како „деветката“ на Баерн.

На дуелот со Ајнтрахт Франкфурт, искусниот голгетер стигна до совршен хет-трик откако постигна погодоци со двете нозе и со глава.

Ваквиот ефект беше проследен со епско соопштение од Баерн на социјалните мрежи. За оваа оригинална идеја Баварците користеа превод на Гугл.

Тие напишаа Роберт Левандовоски во преводот на англиски јазик, а одговорот беше: „Најдобрата 9ка во светот“.

Дека Баерн не претера, покажува и фактот дека полскиот репрезентативец веќе има десет гола на осум натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.