ФУДБАЛ

ВИДЕО: Ерик Гарсија нов играч на Барселона!

Откако нов играч на клубот стана искусниот напаѓач Серхио Агуеро, кој дојде од Манчестер Сити, од англискиот шампион доаѓа и 20-годишниот стопер Ерик Гарсија доаѓа од англискиот шампион.

Овој талентиран дефанзивец одамна ги договори условите со Барселона, а денес и официјално стана играч на каталонскиот великан.

Гарсија потпиша петгодишен договор со Барселона и ќе има отштетна клаузула од 400 милиони евра.

„Никаде не е како дома“, рекоа од Барселона со видео за добредојде на 20-годишниот фудбалер.

Ерик Гарсија ги мина сите младински селекции на каталонскиот клуб, но во 2017 година реши да замине во Манчестер Сити.

Тој не играше многу во првиот тим на англискиот шампион. Во трите сезони кои беше член на првиот тим, играше само 35 пати.

Сега се враќа дома и сигурно ќе има многу поголеми шанси да се докаже на „Камп Ноу“.