Попладнево се игра големо дерби во англиската Премиер лига. Манчестер Јунајтед во неговата најлоша сезона во последните три децении го пречекува лидерот Ливерпул.
По првите 45-минути водат „Црвените ѓаволи“ со 1:0 со голот на Рашфорд. Тој во 36.минута им избега на своите „чувари“ и по центаршутот на Џејмс погоди за 1:0.