РАКОМЕТ

ВИДЕО: Еурофарм Пелистер елиминиран, Мешков Брест патува за Задар

Еурофарм Пелистер е елиминиран од трката по место во Ф4-турнирот во СЕХА-лигата, со денешниот пораз во Брест со 35-31 Мешков е екипата која ќе продолжи во завршната борба за титулата во Задар.

https://youtu.be/vpA9Nemry9I

Валјупов со 11 гола од 11 обиди беше најпрецизен ракометар на теренот, додека во редовите на Еурофарм Пелистер се истакнаа Мандалиниќ и Обрадовиќ со по пет гола, а четири запиша младиот Мараш. Мешков Брест во полуфиналето од завршницата во Задар ќе се сретне со поуспешниот од четвртфиналето меѓу ППД Загреб и Вардар. Македонскиот тим на реваншот во Хрватска носи позитива од четири гола.

ПОВРЗАНО

ВардарПелистер