Барселона стигна до втората првенствена победа од исто толку мечеви, повторно убедлива без примен гол. Во минатото коло славеше против Виљареал со 4:0, а сега против Селта со 3:0. Ансу Фати и Серхио Роберто беа стрелци на по еден гол, а третиот беше авто гол. На овој меч повторно блескаше 17-годишниот Ансу Фати, кој во претходното коло постигна два гола.
Со многу леснотија тинејџерот постигнува голови, а доколку има наследник Лионел Меси, тогаш сигурно ќе биде Ансу Фати. Не е ни чудно што Барселона одбила 135 милиони евра понуда за младиот офанзивец.