Лука Јовиќ беше донесен како засилување од Ајнтрахт Франкфурт, каде навистина играше во голема форма, но во Реал Мадрид никако да дојде до израз. Синоќа неговиот тим славеше со минимални 1:0 против Ваљадолид, но она што го промаши Јовиќ сигурно ќе биде дополнителна причина Зидан да се откаже целосно од него и да го испрати на позајмица, како што впрочем се најавуваше.