Македонскиот претставник во квалификациите за Конференцикста лига, тимот на Македонија ЃП немаше сили на реваншот против ЦСКА Софија.
После првото полувреме водеше домаќините со 1:0, голот беше дело на Матеј после асистенцијата ба Маурисио во 31 минута од средбата на стадионот „Бугарска Армија“.
Предноста ја зголеми Јомов во 61 минута, а асистентот на тој погодок Туфегџиќ стрелаше за 3:0 во 78 минута. Конечниот епилог го постави интернационалецот од Хаити, Назон, во 87 минута за убедлива победа на ЦСКА Софија од 4:0.
Со овој пораз Македонија Ѓорче Петров го заврши настапот во Европа за оваа сезона.