Рио Фердинанд не можеше да ја пропушти можноста да коментира за одлуката на УЕФА против Манчестер Сити, двегодишно исклучување од европските натпреварувања (следните две сезони, 2020-2021 и 2021-2022) поради прекршување на „фер-плеј финансиски“.
Фердинанд е доста активен на социјалните мрежи, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, на неговиот профил објави „твит“ од „Фудбал на БТ Спорт“ каде на интересен начин е претставена казната на неговиот голем ривал.
Меѓу илјадниците „твитови“ објавени во последните неколку часови за овој проблем, Фердинанд го избра оној во кој казната за „граѓаните“ е илустрирана со слика на Гвадиола во очај. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед не ја крие радоста за казната на „граѓаните“, а на твитот додаде ироничен коментар: „Каков срам…“.
What a shame……😂 https://t.co/wW66zz4fvf
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) February 15, 2020