Француската фудбалска федерација (ФФФ) немаше милост за младата ѕвезда на ПСЖ, Килиан Мбапе, кој доби суспензија од три натпревари.
ПСЖ минатиот викенд беше домаќин на Ним и победи со 2:4, а во текот на овој натпревар Килијан Мбапе го изгуби трпението и заработи директен црвен картон.
https://twitter.com/gistsport/status/1036114679989456896
Фудбалерот на Ним, Савањер го фаулираше Мбапе, што не му се допадна, па го оттурна противникот и заработи црвен картон, а за истиот ќе паузира три натпревари, одлучи ФФФ.
На Мбапе не му помогна ни изјавата по исклучувањето во која рече:
“Тоа е акумулација на нештата, тоа е фудбал. Но, да се случи повторно, најверојатно ќе го сторам истото. Се извинувам на навивачите, но не можам да толерирам такви работи како што направи мојот противник”.