По четири децении, сонот стана јаве. Навивачите на на бразилскиот клуб Фламенго може да слават.
Тој сон конечно им се оствари вечерва во првото финале во историјата на натпреварувањето кое се одигра во еден меч. Во Лима, Перу, Фламенго во финалето на Копа Либертадорес со чудесен пресврт го совлада бранителот на титулата, аргентинскиот гигант Ривер Плејт со 2:1.
https://youtu.be/9x0WIBZWzjo
Финалето во Копа либертадорес ќе остане запаметено и по тоа што тренерот на Фламенго Жорж Жезус стана првиот Европеец кој триумфирал во ова натпреварување.