Томас Тухел му го донесе на Челзи најпосакуваниот пехар во светот на клупскиот фудбал, освојувајќи ја Лигата на шампионите со „сините“, совладувајќи го Манчестер Сити со 1-0.
Лондонскиот тим одигра одличен натпревар на стадионот Драгао и на крајот по втор пат во историјата на клубот заслужено стана најдобриот тим на Стариот континент.
Снимките од прославата од соблекувалната покажаа дека многу играчи на Челзи пијат шампањ од патиките на Тухел. Историјата на таа приказна е интересна.
Додека беше тренер на ПСЖ, Тухел ги доби патиките како подарок и вети дека ќе ги носи во финалето на Лигата на шампионите. Тој не го стори тоа минатата сезона во Париз, тие загубија.
Овој пат носеше патики што му донесоа среќа, па дури и патиките наместо пехарот беа дигнати во соблекувалната во Челзи.
“Заборавив дека ги имав овие патики во Париз, ветив дека ќе ги носам во финалето на Лигата на шампионите ако се квалификуваме таму. Тоа е подарок од претседателот на ПСЖ”, рече Тухел.
“Не ги носев минатата година и изгубивме. Овој пат ги облеков и ми успеа”, рече Германецот.
Boss. 🍾#ChelseaChampions #UCLFinal pic.twitter.com/sa5KHaBdJL
— Chelsea FC (@ChelseaFC) May 29, 2021
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович е многу задоволен од работата на Тухел и сега сака да го награди со богат договор, кој треба да биде потпишан следната недела.
Германецот пристигна на почетокот на 2021 година како замена за Френк Лампард, и за неколку месеци го подигна Челзи на повисоко ниво, го обезбеди трофејот во Лигата на шампионите и го направи тимот еден од најдобрите на Стариот континент.
“Не сум 100 процентен сигурен, но мислам дека ќе добијам нов договор. Сопственикот ми спомна нешто, но морам да проверам”, рече Тухел.
Неговиот сегашен договор со Челзи важи до летото 2022 година, но Абрамовиќ сака таа соработка да трае уште неколку сезони.