Поголем број на италијански медиуми објавија дека младиот фудбалер на Бреша, Сандро Тонали утрово пристигнал во Милано на лекарски прегледи. Неговиот трансфер беше договорен пред неколку дена, а следува и официјализација на соработката.
Тонали, кој го нарекуваат „Новиот Пирло“, дел поради изгледот, но и дел поради начинот на кој игра, беше мета на неколку европски гиганти меѓу кои Интер, Јувентус, Манчестер Сити и Барселона, но сепак тој се одлучи за Милан, бидејќи е негов детски сон.
??⚫ Eccolo Sandro #Tonali pic.twitter.com/vnFnXrnbok
— Daniele Longo (@86_longo) September 9, 2020