Фудбалерот на Базел, Раул Петрета заврши во болница по обичен удар со глава.
Италијанецот беше целосно сам во еден момент на мечот Базел – Сент Гален, кога ја удри топката со глава. Потоа се сруши на теренот, и наскоро беше префрлен во болницата.
На никому не му беше јасно што се случи со Петрета, кој едвај се освести и подоцна беше откриено дека го повредил вратот.
Не е познато колку време ќе паузира, но за среќа не станува збор за сериозна повреда на главата.
https://twitter.com/FootballSwissEN/status/1340424253641011202