Лидс и Ливерпул во моментов го играат натпреварот од четвртото коло во Премиер лигата.
Ливерпул одлично го отвори натпреварот и поведе во 20 -та минута од натпреварот кога гол постигна Салах.
„Црвените“ ја удвоија предноста на самиот почеток на второто полувреме, а овојпат стрелец беше Фабињо.
Но, во 57. минута од натпреварот видовме навистина ужасна сцена на „Еланд Роуд“. Струјк сериозно го фаулираше Елиот кој се здоби со тешка повреда на коленото и мора да има долга пауза пред него.
Фактот што Салах веднаш се фати за глава и избега за да не го погледне коленото на неговиот соиграч зборува доволно за повредата.
https://twitter.com/i/status/1437096424165056515
Исто така, не ја видовме повредата на овој играч на Ливерпул ниту во бавно движење, бидејќи тоа е премногу вознемирувачка повреда на играчот на Ливерпул.
Струјк заработи директен црвен картон за овој фаул.