ФУДБАЛ

ВИДЕО: Фудбалерот на Вила сакаше да се пофали со својот тренинг – помина лошо

Младиот напаѓач на Астон Вила, Рушијан Хепберн-Марфи припреми сè. Тој ја прилагоди камерата, ја зеде топката, па дури и ја извади маицата.

21-годишен фудбалер на Вила излезе во дворот на куќата каде што живее да снима и да им покаже на сите како тренира со топката во моментот на прекин на натпреварите и клупските активности.

Тој сакаше веројатно да покаже некои свои вештини, но тоа заврши прилично лошо.

Првиот пат успеа да ја врати топката од ѕидот на својата куќа, но втор пат удри во прозорец и стаклото се скрши.

Не му останува ништо друго освен да ја фати главата: