Герет Бејл беше официјално претставен пред неколку дена како ново засилување на Тотенхем.
Велшанецот одлучи да се врати во Тотенхем по седум години минати во Реал Мадрид, каде ќе игра како позајмен играч следната сезона. Бејл едвај чекаше да го напушти кралскиот клуб каде не му оди добро веќе некое време, и на крајот донесе одлука да се врати во Тотенхем.
Сигурно е дека овој 31-годишник ќе биде големо засилување за тимот на Жозе Мурињо и рече дека е многу мотивиран да покаже дека е сепак одличен фудбалер.
Бејл вчера гостуваше во „БТ Спорт“ во емисија со Питер Крауч и поради една изјава стана мета на потсмев од ривалските клубови. Познато е дека Тотенхем не е точно познат по освојувањето трофеи, но Бејл се надева дека тоа ќе се промени.
„Се вратив и сакам да продолжам да освојувам трофеи“, рече Бејл и оваа изјава стана хит на социјалните мрежи.
https://twitter.com/FootyFooIigans/status/1309141922125094912